Атентат врз врховниот муфтија на Кабардино-Балкирија

Убиен е врховниот муфтија на руската република Кабардино-Балкирија, Анас Пшихачев. Тој бил застрелан пред неговиот дом во градот Налчик, од двајца засега непознати напаѓачи.
Рускиот претседател Дмитриј Медведев му изрази сочуство на семејството на убиениот муфтија.
Кабардино-Балкирија е блиску до немирните руски региони Чеченија, Дагестан и Ингушетија каде што често има судири меѓу властите и исламистичките бунтовници.