Излагање на Обама за политиката кон Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе има големо излагање за неговата политика кон Авганистан. Обама е под притисок да им покаже на Американците дека зголемувањето на бројот на војници во Авганистан вроди со плод и оти ќе го одржи ветувањето дека Американците ќе почнат да се повлекуваат од Авганистан во јули 2011 година.
Се очекува, Обама да соопшти дека има одреден напредок, но оти треба време за да се видат резултатите.