Македонија на второ место по баратели за азил во Германија

Германското Министерство за внатрешни работи. соопшти денеска дека српските граѓани минатиот месец поднеле 1.159 барања за азил a македонските 512 барања, додека на трето место е Авганистан со 494 барања. Српските граѓани само во последниве три месеци поднеле над 3 илајди барања за азил во Германија. Германските медиуми јавуваат дека луѓето не барале азил, туку само пари за враќање бидејќи Германија за доброволно враќање на одбиените азиланти плаќала „почетна помош“, која на приомер за семејство со четири деца изнесува повеќе од 2.500 евра.
Кон средината на октомври е укината исплатата на „почетната помош“ за граѓаните на Србија и Македонија, кои во Германија пристигнале по укинувањето на визите кон крајот на 2009 година.