Милошоски: Заклучоците од Советот на министрите на ЕУ се очекувни

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски изјави денеска дека заклучоците на Советот на министрите на ЕУ се очекувани и дека е потврдено оти Македонија е подготвена за почеток на пристапни преговори. Тој додаде дека преговорите за членство се оневозможени од една членка на Унијата и се надева дека Грција ќе манифестира европски пристап кон Македонија и кон процесот на проширување.