Состанок на Советот за безбедност посветен на Ирак

Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска ќе претседава на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите Нации, посветен на Ирак. Најавена е можноста Советот да му одобри на Ирак да започне со увоз на технологија за мирољубива нуклеарна програма. Ирачките лидери ветија дека нивната земја веќе никогаш нема да развива нуклеарно, хемиско и биолошко оружје.