Собранието нема да се распушти

Собранието на РМ не го прифати барањето на опозицијата за распуштање на Парламентот. По дводневната расправа, синоќа против Предлог-одлуката на опозицијата гласаа 64 пратеници, а „за“ беа 29. Во текот на седницата, пратениците од опозицијата посочија дека народот бара предвремени избори и оти за овие речиси пет години владеење на ВМРО-ДПМНЕ нема напредок во ниту една област. Парламентарното мнозинство, пак, подвлече дека нема потреба од распуштање на Парламентот затоа што тој е функционален, се носат реформски закони и нема проблеми во владината коалиција и во спроведувањето на владината програма. Според нив, опозицијата не изнесла доволно аргументи за распуштање на Собранието.