Во Скопје состанок на Јадранската повелба

Денеска во Скопје ќе биде одржан состанок на Партнерската комисија во рамките на Јадранската Повелба на кој ќе присуствуваат шефовите на дипломатиите на Македонија, Хрватска, Албанија, БиХ, Црна Гора и амбасадорот на САД во Скопје. Во соопштението на македонското министерство за надворешни работи е наведено дека се поканети и министрите на Србија и на Косово. На состанокот ќе се разговара за евроатланската интеграција на регионот по Самитот на НАТО во Лисабон. Црна Гора денеска ќе го преземе од Македонија шестмесечното претседавање во Јадранската повелба.