Лајчак претставник за Балканот на европската дипломатска служба

Словачкиот дипломат Мирослав Лајчак е наименуван за директор на регионалните оддели во европската дипломатска служба за подрачјето на западен Балкан, источното соседство и Русија. Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и некогашен висок претставник на меѓународната заедница во БиХ. Според одлуката на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, Швеѓанецот Кристијан Лефлер ќе биде директор на одделот за подрачјето на американскиот континент.