Мустафа се сомнева во резултатите на косовската изборна комисија

Косово, официјални лица ги пренесуваат кутиите со гласачките ливчиња

Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа денеска изјави дека се сомнева во резултатите на Централната изборна комисија според кои Демократската партија на Косово освои речиси десет отсто повеќе гласови во однос на неговата партија.Тој додаде дека се спорни резулататите гласањето во Србица и Глоговац, каде наводно гласале повеќе од 90 отсто од оние што имаат право на глас.Мустафа му порача на својот ривал Хашим Тачи дека прерано прогласил победата на оваа партија, со што ги прекршил изборните правила.