Верижен судир на автомобили во колона од 7 километри во Кина

Густата магла во Југозападна Кина предизвикала верижна сообраќајна несреќа во која се судриле 140 автомобили во колона долга 7 километри.Државната кинеска телевизија јавува дека девет лица се повредени, ситуацијата била многу опасна затоа што автомобилите биле еден врз друг. Несреќата се случила на автопатот надвор од градот во областа Сечуан, во Југозападна Кина.