Протести во Атина против промените во законот за работни односи

Вработените во државниот и приватниот сектор во Грција денеска три часа ја прекинаа работата, пред утрешниот 24-часовен генерален штрајк, соопштија новинските агенции.Двата најголеми синдиката во Грција повикаа на тричасовно запирање на работата во знак на протест против предлог законот што предвидува радикални промени возаконот за работните односи и оданочување на платите во државните претпријатија, што денеска се изгласува во парламентот.
Веќе почнатиот 24-часовен штрајк на вработените во јавниот транспорт предизвика блокади и хаос во центарот на Атина.