Партија се повлече од владечка коалиција во Пакистан

Пакистанската исламска партија Џамиат Улема-е-Ислам Фазл денеска се повлече од владината коалиција во знак на протест против одлуката за разрешување на министерот за религиски прашања. Лидерот на партијата Фазлур Рехман ја оцени како “разочарувачка“ одлуката на премиерот Јусуф Реза Гилани да го разреши министерот кој е член на исламската партија. Оваа партија има седум пратеници во Собранието со 342 пратенички места, 22 во Сенатот и тројца министри.