Годишно обраќање на претседателот Иванов во Парламентот

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе има годишно обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија. Тоа ќе биде второ годишно обраќање на Иванов пред законодавниот дом од неговиот избор за шеф на државата. Во говорот пред пратениците најавен за 12 часот, се очекува претседателот Иванов да се осврне на домашните и на надворешно-политичките случувања поврзани со Република Македонија во годинава што изминува, како и на идните стратешки приоритети на државата.