Почина американскиот дипломат Ричард Хобрук


Синоќа во Вашингтон на 69 години почина Ричард Холбрук американски дипломат – специјален преставник на Претседателот Обама за Авганистан и Пакистан. Холбрук посредуваше за постигнување на времената спогодба меѓу Македонија и Грција по која Република Македонија под референцата ПЈРМ стана членка на Обединетите Нации. На Балканот беше познат и како посредник при постигнувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна и Херцеговина. Холбрук беше болен од срце и во критична состојба беше од петокот минатата недела.
Американскиот претседател Барак Обама го нарече Холбрук "гигант на американската надворешна политика," и рече дека неговата работа како дипломат во текот на речиси 50 години ги направија САД "посилни, побезбедн и повеќе почитувани." Обама додаде дека постојат милиони луѓе чии животи се спасени со дипломатската работа на Холбрук во проблематични и разурнати од војна региони во светот. Државниот секретар Хилари Клинтон изјави дека Америка загуби еден од нејзините најпосветени државни службеници.