Македонија на 73-тото место по демократија

Македонија е на 73-тото место на светската листа по индексот за демократија оценува Центарот за истражување и анализи на Економист. Македонија спаѓа во група на земји заедно со Србија, Албанија, Турција, Босна и Херцеговина, Русија и Ирак на кои им недостига демократија. На првите позиции се Норвешка Исланд и Данска. Според анализата состојбата со медиумската слобода е влошена особено во земјите од Југоисточна Европа. Заплашување на новинари, политички притисоци и нелегални субвенции за медиуми со цел да се држат под владина контрола се чести појави во балканските земји се вели во анализата.Во Македонија се води кампања против медиумите и новинарите кои ја критикуваат власта, во Албанија продолужуват нападите врз новинарите и политичките притисоци додека во Хрватска постои загриженост за безбедноста на новинарите кои пишуваат за корупцијата е објаснето во анализата.