Ахмадинеџад го отпушти министрот за надворешна политика

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад и минитерот за надворешни работи Манучер Мотаки

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска го отпушти министерот за надворешни работи Манучер Монтаки без никакво објаснување. Во соопштението објавено на претседателската интернет страница пишува дека на неговото место ќе биде поставен шефот на Националната нуклеарна агенција.Иранските пратеници во изминатава година притискале да биде отпуштен Мотаки доколку Советот за безбедност на Обединетите Нации спроведе нови санкции против земјата.