Експлозија во Пакистан

Пакистанската полиција соопшти дека при експлозија на бомба поставена на пат загина возач на училишен автобус а две деца се ранети. Експлозијата се случила во градот Пешавар во близина на границата меѓу Авганистан и Пакистан. Милитантите во тој регион често поставуваат бомби наменети за авганистанските и американските трупи.Полицијата не ја исклучува можноста дека милитантите со бомбата ја погрешиле целата.