Берлускони бара доверба за неговата влада

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска оцени дека неговото отстранување од функција ќе биде политичка грешка во време на големата економска криза во земјата. Говорејќи во Сенатот пред утрешното клучно гласање за доверба на неговата влада тој додаде дека тоа би можело да доведе до нови избори.