Истрага во Британија за експлозиите во Стокхолм

Британската полиција извршила пребарување во еден имот во Бедфордшир, во источна Англија како дел од истрагата за самоубиствениот напад со автомобил бомба во Стокхолм при што во саботата едно лице загина, а две беа повредени. Британската полиција соопшти дека притоа не извршила никакви апсења, ниту пак пронашла опасни материјали. Според непотврдени извештаи, самоубиецот бил швеѓанец кој бил роден во Ирак и кој живеел во Бедфордшир. Се уште не е утврдено кои биле мотивите за нападот.