Шефовите на дипломатиите на ЕУ ќе разговараат за Србија, Косово и БиХ

Кетрин Ештон

Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска ќе разговараат за Србија, Косово и Босна и Херцеговина.
Ќе се разговара за напредокот на Србија на патот кон Унијата, ќе се даваат оценки за изборите во Косово , а од високиот преставник за надворешна политика Кетрин Ештон се очекува извештајот за подготовките и напорите за отпочнување на дијалог меѓу Белград и Приштина.
Шефовите на дипломатиите ќе разговараат и за БиХ и за тоа дека со европска помош земјата треба да направи нови чекори кон политичко и институционално средување на состојбите.