Холандија:Ослободен хакерот на сајтот на обвинителството

Деветнаесетгодишниот Холанѓанец кој беше уапсен во саботата за напади на сајтот на јавното обвинителство е пуштен откако призна дека е вмешан во нападот. Од Канцеларијата на јавниот обвинител, соопштуваат дека момчето признало и дека е вмешано во сајбер напади на Мастеркард, Виза и Манибокерс. Хакерите нападнаа сајтови на неколку организациина на кои се гледаше како на напријатели на Викиликс.