Санадер ги отфрли сите хрватски обвиненија

Австрија, Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер придружуван од полицаец на пат кон судот во Салцбург

Поранешниот хрвaтски премиер Иво Санадер пред австрискиот истражен судија ги отфрлил сите обвиненија. Неговиот адвокат изјавил дека Санадер не се чуствува виновен и дека пред да го пресретне австриската полиција планирал да се врати во Хрвтска и да се предаде. Хрватскиот министер за правда Дражен Босњаковиќ денеска изјави дека од австриското министерство за правда се уште не стигнало официјално барање да им се достави целосната документација за случајот на Санадер.