Дачиќ: Изборните инциденти ќе значат дека Приштина не сака дијалог

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека се надева оти во Косово и Метохија нема да има инциденти затоа што тоа би значело дека Приштина не сака дијалог.Тој додаде дека основен интерес на српскиот народ во Косово и меѓународната заедница е одржување на мирот. Дачиќ истакна дека Србија е подготвена за разговори затоа што само така е можно да се најде решение за проблемот и тоа што е можно поскоро.