Романија:Бројот на буџетските службеници ќе се намали а останатите ќе добијат покачување

Романскиот премиер Емил Бок изјави дека строгите економски мерки, кои ги презеде романската Влада, ја зголемија довербата во Романија на меѓународните пазари. Тој додаде дека донесените мерки од страна на Владата, макар и непопуларни, биле потребни за да се избегне пропаѓањето на Романија.Бок истакна дека бројот на буџетските службеници во Романија до крајот на годинава ќе се намали во согласност со договорот со ММФ, а останати вработени во јавниот сектор ќе добијат зголемување на платите од 15 отсто од 1 јануари 2011 година.