Протести во Германија поради складирање нуклеарен отпад

Околу 2 илјади луѓе вчера протестираа во Германија против одлуката на Владата да овозможи складирање на нуклеарен отпад во градот Горлбанд во северниот дел на земјата. Организатори на демонстрациите се неколку органзиации за заштита на животна средина.
Во Германија се најавува дека наскоро треба да пристигне и уште една пратка со нуклеарен отпад од Франција.
Германската Влада донесе одлука да продолжат со работа нуклеарните централи уште 12 години.