Обама со молитва за здравјето на Холбрук

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека тој и неговата сопруга се молат побрзо да закрепне специјалниот претствник за Авганситан и Пакистан Ричард Холбрук. Холбрук е во критична здравствена состојба по срцевата операција. Обама го нарече Холбрук „главна фигура во американската надворешна политика“. Пред да стане специјален претставник за Авганистан и Пакистан, Холбрук на јавност и е познат по преговорите за завршувањето на балканската војна и потпишувањето на Дејтонскиот договор.