Најмалку 2 лица загинаа во Авганистан

НАТО соопшти дека меѓународните и авганистанските сили во заедничка акција вчера убија еден талибански лидер и еден бунтовник во источниот дел на Авганистан.Воената коалиција соопшти дека талибанскиот оперативец бил вмешан во шверц со оружје и напади во источниот дел на Вардак провинцијата. Во соопштението се наведува дека при операцијата нема повредени цивили.