Берлускони: Се води кампања против мене

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска изјави дека против него се води кампања полна со лаги и клевети. Тој додаде дека верува дека во вторник во Парламентот ќе победи и дека ќе биде изгласана доверба на неговата Влада. Партијата на Берлуксони има мнозинство во Сенатот , но е и во Претставничкиот дом на Парламентот, по формирањето на новата партија на бившиот сопартиец Џафранко Фини.