Расмусен: Иднината на Србија е во евроатланските структури

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен денеска изјави дека во „долгорочната визија“ за земјите од Западен Балкан спаѓа и интеграцијата на Србија во Алијансата. Тој додаде дека сака да види напредок во односите меѓу Србија и НАТО. Расмусен во интервјуто за црногорскиот весник „Победа“ изјави дека ја разбира деликатноста на проблемот со оглед на последните случувања, но како што вели, иднината на Србија е во евроатланските структури.
Тој додаде дека е рано да се зборува за датум за преговори за членство во Алијансата на Црна Гора, потребно е прво земјата да ги спороведе реформите.