Во Канкун усвоен новиот план за битка против климатските промени

На самитот во Канкун, Мексико, е усвоен новиот план за битка против климатските промени, вклучувајки го и новиот фонд за помош на земјите во развој. Со планот се реафирмира проекцијата за издвојување на 100 милијарди долари до 2020-та година за помош на сиромашните земји за заштита на животната средина, како и за размена на современи технологии за намалување на емисијата на штетни гасови. Според мекисканскиот министер за надворешни работи, Патриција Еспиноза, почнува нова ера во меѓународната соработка во врска со климатските промени.