Македонскиот парламент ја продолжува расправата за буџетот

Собранието на Република Македонија денеска во рамките на 128-та седница, ќе ја продолжи расправата по дополнетиот Предлог - буџет на Република Македонија за 2011 година. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, очекува буџетот да придонесе за забрзување на економскиот раст, а на долг рок да се подобри конкурентноста на македонската економија. Опозициската СДСМ смета дека и во петтиот буџет што го предлага оваа Влада не нуди ништо ново и оти во него нема ниту еден нов проект. За макроекономските проекции, пак сметаат дека Владата има преоптимистичката варијанта. Расправата за буџетот, според новиот Деловник, трае пет дена.