Санадер да добие фер процес, изјави Јосиповиќ

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ изјави синоќа дека бившиот премиер Иво Санадер мора да добие праведна судска постапка, без притисоци од политиката, медиумите и јавноста. Коментирајки го апсењето на Санадер во Австрија, Јосиповиќ оцени дека тоа сигурно не е добро за имиџот на Хрватска. Санадер е осомничен за злоупотреба на функцијата и за финансиски малверзации додека беше премиер.