Во Софија денеска средба Јеремиќ, Друцас, Младенов

Шефовите на дипломатиите на Србија, Бугарија и Грција, Вук Јеремиќ, Николај Младенов и Димитрис Друцас, се состануваат денеска во Софија. На оваа регионална министерска конференција ќе биде разговарано за европската перспектива на Западен Балкан и за други прашања од регионално значење.