Апсења на Косово за организиран криминал

Косовската полиција уапсила 11 лица осомничени за организиран криминал со што мобилните оператори Телеком Косово и Ипко претрпеле штета од над 20 милиони евра. Во акцијата биле ангажирани 140 полицајци во осум градови на Косово при што била одземена и софистицирана опрема преку која тие ги пренасочувале телефонските повици и импулси.