Иванов за статусот на политички прогонуваните лица

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов по повод денешниот Меѓународен ден на човековите права прими претставници на Здружението на граѓани, политички прогонувани, затворани и осудувани за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност. Во соопштението од неговиот кабинет, Иванов најавил реализирање на веќе предвидените законски решенија за гарантирање на статусот на политички прогонуваните лица.