Милошоски: ЕУ може да помогне во спорот со името

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, кој вечер во Берлин ќе учествува на Конференцијата на Аспен институтот за европските перспективи на Југоисточна Европа изјави дека Европската унија треба да посвети поголемо внимание на прашањето за името. ,,Македонија сама нема доволно ресурси, капацитет и убедителна моќ да ја направи грчката страна попрагматична или пофлексибилна за да се постигне долго очекуваниот македонско грчки компромис,, изјави Милошовски за Дојче веле.