Груевски: СДСМ да не го спушта нивото на политичката дебата

Опозициската СДСМ да не го спушта нивото на политичката дебата. Ова го порача премиерот Никола Груевски, коментирајќи ги обвинувањата од опозицијата дека по одлуката на ВМРО ДПМНЕ да не го прифати барањето за предвремени избори, за нив оваа влада била легална, но не и легитимна. ,,Јас би им препорачал нека прават што сакаат, нека се силат и нека покажуваат кај нивното членство дека доаѓаат на власт. Тоа е нивна внатрепартиска работа, но ќе дојде време кога ќе се видат работите,, изјави Груевски.