Истрага по нападот врз кралскиот пар во Лондон

Скршено стакло на автомобилот на Принц Чарлс и Камила

Британската полиција вети истрага за вчерашниот инцидент кога автомобилот на принцот Чарлс, наследник на британскиот престол, упадна во насилните студентски протести.
Кралското пар беше неповреден но автомобилот беше оштетен.
Студентите протестираат против три кратното зголемување на давачките за студии.
Премиерот Дејвид Камерон, го осуди насилството и вети целосна примена на законот против насилниците. Студентски лидери и натаму повикуваат на демонстрации.