Продолжува расправата по предлог буџет за 2011

Собранието на Македонија денеска ја продолжува расправата по дополнетиот предлог-буџет за 2011 година. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека растот на економијата е проектиран на 3,5 проценти, а дефицитот на 2,5 отсто од БДП што ќе се финансира од надворешни извори. Опозициската СДСМ смета дека и во петтиот буџет што го предлага оваа влада не се нуди ништо ново. Расправата за буџетот, според новиот Деловник, трае пет дена.