Во Авганистан, ослободени киднапираните деминери

Авганистанските и сојузничките сили во Авганистан денеска ги ослободиле 18 авганистански деминери киднапирани во провинцијата Хост. Групата за деминирање била киднапирана вчера од непознати вооружени луѓе кои во акцијата за ослободување избегале од местото каде што ги држеле заложниците. Ова беше второ киднапирање на деминери во Авганистан во изминативе денови.