Автомобилот на Принцот Чарлс нападнат од гневни студенти

Автомобилот со кој патувале Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила бил нападнат од демонстрантите што учествуваа на вчерашниот студентски протест против поскапувањето на школарините во Лондон. Искршен е еден прозорец на нивниот автомобил, но двојката била неповредена.
Најмалку осум полицајци се повредени, а деветмина луѓе се уапсени во судирите меѓу гневните студенти и полицијата.