Ослободување на Иранката осудена на смрт со каменување?

Се појавија различни информации за судбината на Иранката Сакине Мохамади Аштиани која е осудена на смрт со каменување, за прељуба. Меѓународниот комитет против каменување со седиште во Германија, соопшти дека од „извори во Иран“ дознале дека Иранката е ослободена од затвор. Според нив, ослободени сеи нејзиниот син и адвокат.
Италијански министер за надворешни работи Франко Фратини го поздрави ослободувањето на жената и оцени дека тоа е „одлична вест“, но, од италијанското Министерство за надворешни работи изјавија дека не можат да го потврдат ослободувањето. Официјално, никој не потврдува дека таа била ослободена. Забуна внесуваат и снимките објавени на државната иранска телевизија на кои се гледа дека осудената и нејзиниот син се среќаваат во нивниот дом во северозападен Иран.