Пилај: Со финансискиот притисок се прави цензура на Викиликс

Високиот комесар за човекови права во Обединетите Нации Нави Пилај денеска изрази загриженост поради притисокот врз приватните компании да ги стопираат финансиските услуги за интернет страната Викиликс. Таа изјави дека таквите потези може да се протолкуваат како обид за цензура на Викиликс со што се крши правото за слободата на изразување. Фирмите за кредитни и дебитни картички МастерКард и Виса заедно со швајцарката поштенска банка ги затворија трансакционите сметки на Викиликс.