Викиликс: Србија знае каде е Ратко Младиќ

Владата на Србија точно знае каде се наоѓа Ратко Младиќ, се вели во една американска дипломатска белешка од 2008 година објавена на Викиликс.Во документот американски дипломат го цитира шпанскиот колега Рамон Абароа кој во 2008 година оценил дека Србија „воопшто не соработува со Хашкиот трибунал и многу добро знае каде се наоѓа Ратко Младиќ“.Во дипломатската преписка се вели дека советник на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ открил оти поранешниот шеф на БИА, Раде Булатовиќ знаел каде се крие Радован Караџиќ дури шест месеци пред тој да биде уапсен.
Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска во Белград денеска негираше дека Владата на Цветковиќ не знае каде се крие Младиќ. Тој додаде дека ако српската влада дознае каде се крие воениот командант Младиќ веднаш ќе биде уапсен и одвене пред Хашкиот Трибунал.