Забраната за бурка стартува во шпански град

Шпанскиот град Леида кој се наоѓа во североисточниот дел на Каталонија е првиот град кој денеска почна да ја спроведува забраната за носење на бурка во јавните институции. Легислативата е изгласана во мај но досега беше одложено нејзиното спроведување. Потегот се смета за симболичен затоа што 3 проценти од населението во градот се муслимани, а многу мал број од нив го носат превезот што го покрива целото лице. Од 47 милиони жители во Шпанија 12 милион се Муслимани.