Кина ја додели својата награда за мир

Кина денеска ја додели сопствената верзија на Нобеловата награда за мир, наречена Конфучиева награда за мир, а добитник е поранешниот тајвански потпретседател Лиен Чан. Од канцеларијата на Лиен Чан во Тајпеи соопштија дека немаат информација за наградата и оти тој не планира да патува во Пекинг. Инаку, утре во Осло ќе се одржи церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир, која годинава му припадна на кинескиот дисидент Лиу Ксиаобо. Кина успеа да убеди 18 земји да не учествуваат на церемонијата.