Новиот претседател на Брегот на Слонова Коска доби подршка од ОН

Советот за безбедност на Обединетите Нации застана зад опозициониот лидер Аласан Оутара како победник на претседателските избори во Брегот на Слоновата Коска, што се одржаа во минатиот месец. И покрај меѓународниот притисок, досегашниот претседател Лаурент Гбагбо одбива да се повлече од функцијата што предизвика насилни протести во земјата.