Рамуш Харадинај привремено ослободен

Судот во Хаг дозволи привремено ослободување на поранешниот косовоски премиер Рамуш Харадинај, но под неколку услови,објавува МИА. Харадинај во Косово може да остане од 17 декември до 14 јануари, но не смее да се оддалечува од Приштина, не треба да дава јавни изјави и треба да се пријавува секој ден во полициската мисија ЕУЛЕКС. Харадинај доставил барање за привремено ослободување за да биде блиску до сопругата , која го очекува нивното трето дете.