И Кина со своја награда за мир

Во Кина денеска се доделува Конфучиевата надрада за мир, што е своевиден пандан на Нобеловата награда за мир. Наградата ќе ја добие поранешниот заменик претседател на Тајван Лиен Чан. Кина се реши да си воведе своја награда за мир , откако беше решено Нобеловата награда да ја добие кинескиот десидент Лиу Ксиаобо. Церемонијата во Пекинг е на само еден ден пред церемонијата во Осло за доделување на Нобеловата награда.
"Амнести интернешнал" проценува дека повеќе од 200 луѓе се запрени да заминат во странство, притворени или ставени во домашен притвор пред почетокот на церемонијата во Осло.

.