Секој четврти човек во светот платил поткуп

Секој четврти човек во светот платил поткуп во текот на изминатата година, објавува организацијата Транспаренси Интернешнл, која ја следи
корупција во целиот свет. Како земји во кои корупцијата е најраспространета се наведуваат земјите од Суб-Сахарна Африка, Блискиот Исток и Северна Африка. Во поранешните советски републики, 32 отсто од анкетираните се изјавиле дека платиле поткуп. На Балканот и Турција тој процент изнесува 19 , додека 5 проценти од анкетираните во Европската Унија и Северна Америка се изјасниле дека подмитиле некого. Денеска се одбележува светскиот ден на борба против корупцијата.